ФУДБАЛ

Бруно Фернандеш: Кога ќе се одржи третата ждрепка?

Португалецот беше саркастичен, а јасно е дека е изреволтиран бидејќи УЕФА денеска двапати ја одржа ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите.

Да потсетиме дека УЕФА го одржа првото извлекување во Нион од 12 часот, а потоа го откажа поради „техничка грешка“, за да организира ново ждрепка во 15 часот.

Манчестер Јунајтед на крајот го доби Атлетико Мадрид како ривал, иако претходно тоа беше ПСЖ и многумина се надеваа дека Лионел Меси и Кристијано Роналдо повторно ќе се сретнат.

„Кога ќе се одржи третото коло за ждрепката од Лигата на шампионите?“, напиша Бруно Фернандеш низ смеа на Твитер.