Лионел Меси постигна два гола денес во победата на Барселона против Еспањол 2-0.
Како и за секој напаѓач што се смета дека тој одигра одлична сезона со 20-30 постигнати голови, Аргентинец со своите игри во последните десет години го доведе на друго повисоко ниво.
Меси постигна 31 гол во Ла Лиги во оваа сезона со вкупно 41 на сите натпреварувања со денешните два гола против Еспањол, но и 21 асистенција.
Така, Меси дојде до својата десетта сезона по ред, каде што постигна 40 или повеќе голови во сите натпреварувања.
Најдобар резултат играчот на Барселона имаше во сезоната 2011/2012 кога постигна 73 гола, а исто така постигна одличен резултат во наредната сезона 60 гола, а и во сезоната 2014/2015 кога постигна 58 гола.
https://twitter.com/liberta__depre/status/1112043176985006080