ФУДБАЛ

Брутални навреди за ѕвездата на Барселона по пристигнувањето на тренинг (ВИДЕО)

Навивачите на Барселона брутално го навредуваа францускиот фудбалер Усман Дембеле по пристигнувањето на тренинг.

Французинот беше жестоко пречекан од навивачите по сите проблеми што му ги направи на клубот во изминатиот период и неспортското однесување.

Дембеле не сакаше да го напушти клубот во текот на јануари, што значи дека ќе ја напушти Барса без никакво обештетување и во јули ќе замине бесплатно.

Го уценуваше и клубот со нов договор. Тој бараше нереални бројки додека штедеше за каталонскиот гигант да си ги намали долговите, а според мислењето на навивачите искажа непочитување кон клубот.

Денеска решија тоа јавно да му го кажат. Кога се појавил во автомобилот почнале со свирежи и навреди.

Дембеле сепак ќе добие шанса да игра за Чави, но сигурно нема да има убав пречек на Камп Ноу.