ФУДБАЛ

Бруталниот Бруно Фернандеш синоќа собори еден голем рекорд

Кога минатата зима пристигна на „Олд Трафорд“ од Спортинг, малкумина сметаа дека за многу краток временски период, Португалецот ќе стане алфа и омега на овој тим.

Синоќа тимот на Манчестер Јунајтед претрпе пораз на домашен терен во големото дерби против Ливерпул (4:2), што му остави на својот лут ривал надеж за пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

Домашниот тим беше во водство во 10-та минута од одличниот Бруно Фернандеш. Со овој гол, португалскиот ас засекогаш влезе во историјата на Премиер лигата како најефикасен играч за врска во сезоната.

Тоа беше негов 18-ти гол во сезоната, со што беше срушен претходниот рекорд што го држеше легендарниот Френк Лампард.

Од неговото пристигнување во Англија, Фернандеш одигра вкупно 78 натпревари на кои постигна 40 гола во сите натпреварувања, што е феноменален резултат за играч од средниот ред.

„Црвените ѓаволи“ ќе имаат можност да ја подобрат сезоната на 26 мај, кога во големото финале од Лигата на Европа ќе играат против Виљареал. Тој натпревар ќе се игра во Гдањск, Полска.

Во Премиер лигата тие ја заземаат втората позиција со 70 бодови, а во следното коло ќе го пречекаат Фулам на домашен терен, додека сезоната 2020/2021 ќе ја завршат на гостувањето кај Вулверхемптон.

Да потсетиме, титулата ја освои Манчестер Сити откако Јунајтед загуби од Лестер со 2-1 на почетокот на неделата.

 

ПОВРЗАНО

Премиер Лига