Многу фудбалски натпревари носат и одреден тип на тензија.
Тоа најмногу се манифестира на трибините, но и на теренот, играчите со своето однесување знаат да ја стават играта на втор план.
На тоа не се имуни ниту кај помладите категории, а на интернет кружи видео од локален натпревар во помладите категории.
Поточно, однесувањето на еден фудбалер наиде на остри осуди, особено по жестокиот удар што му го нанесе на противнички играч.
Во една акција се гледаат двајца фудбалери како се борат за топката, кога младиот човек видел дека не може да стигне до топката, го оттурнал противникот, што предизвикало многу искри на теренот, а потоа и неверојатна ситуација.
Сакајќи да го одбрани својот колега, еден од фудбалерите со брутален ловџиски удар соборил на земја момче од противничката екипа, тој буквално „одлетал“ и го удрил момчето кое за момент останало без здив.
— Out Of Context Football (@nocontextfooty) October 6, 2022
Ова видео предизвика остри пресуди и коментари дека за такви поединци нема место на теренот.
Не се знае во која земја се одигра овој натпревар, но секако е лекција како не треба да се однесуваат фудбалерите на теренот, без разлика на се.
Можеби сакаше да излезе како херој и да го одбрани својот колега, но на крајот заврши со еден куп коментари за неговиот страшен потег.
Веруваме дека по ова нервозниот млад човек доби строга казна, а се надеваме и дека и противничкиот фудбалер се извлече со што помалку последици бидејќи самото видео е тешко за гледање.