ФУДБАЛ

Брутално исмевање на Арсенал на социјалните мрежи

Арсенал игра навистина катастрофално оваа сезона.

Лондонскиот клуб по 12 одиграни кола е на само 15-то место, а за време на викендот доживеа уште еден срам со поразот од Барнли (0:1).

Веќе вечерва „топџиите“ играат нов домашен натпревар. Противник оваа сезона е феноменалниот Саутемптон и нема сомнеж дека тоа ќе биде уште еден тежок предизвик за тимот на Микел Артета.

Социјалните мрежи беа исполнети со брутално исмевање на лондонскиот клуб во претходните денови, а еден од нив се однесуваше на распоредот што ги следи во следните 14 дена.