ФУДБАЛ

Буфон објасни зошто ја одбил поканата на Манчини да се врати во италијанската репрезентација

Искусниот италијански голман Џанлуиџи Буфон се врати во Јувентус ова лето, откако мина една сезона во ПСЖ.

Буфон потпиша едногодишен договор со Старата дама, во кој се вели дека тој мора да брани најмалку осум натпревари во Серија А за да стане играч со најмногу настапи во историјата на италијанската лига.

Иако ќе го прослави својот 42-ти роденден за неколку месеци, овој легендарен голман призна дека сè уште не размислува за пензија.

„Јувентус е единствениот клуб што би прифатил да бидам резерва и затоа се вратив. Среќен сум што сум овде затоа што ова е мојот дом. Сè уште не размислувам да ја завршам кариерата и ќе видиме што ќе се случи“, рече Буфон.

Неодамна, селекторот на Италија, Роберто Манчини изјави дека сака да го покани Буфон во националниот тим за да може да се збогува на убав начин, но тој одби.

„Му благодарам на Манчини и тој е одличен човек. Сепак, јас би го прифатил тоа во моментот кога ќе одлучам да ја прекинам кариерата. Сè уште не сум ја донел таа одлука“, рече голманот на Јувентус.

ПОВРЗАНО

Серија А