ФУДБАЛ

Буфон: Со гордоста што ја имам, никогаш нема да се задоволам со просекот

Пари Сен Жермен има тим за освојување на Лигата на шампионите, изјави италијанскиот голман Џанлуиџи Буфон, кој се сеќава на својот краток престој во Париз како едно од „најубавите искуства и како фудбалер и како личност“.

Светскиот шампион од 2006 година на 44 години ја продолжува својата голема кариера во Парма, во Серија Б, без никогаш да го каже зборот пензија.

„Овие последни години беа чисто задоволство за мене“, изјави Буфон во интервју за Франс прес.

Во среда два од неговите поранешни клубови, Јувентус и ПСЖ ќе се соочат во Лигата на шампионите, па првото прашање на АФП беше токму за тоа, односно за кого би сакал да игра на тој натпревар.

„За Јуве. Таму го поминав мојот живот, неизбежно постои силна врска, изградена на сè што живеевме заедно во 20 години (2001-2021). Но, имам посебни спомени и од Париз (сезона 2018-2019), соиграчите и навивачите. Тоа беше едно од најубавите искуства во мојот живот, и како фудбалер и како личност“, изјави Буфон.

Тој додаде дека е жално што мечот во Торино нема резултат, бидејќи Јувентус веќе е елиминиран од Лигата на шампионите, а ПСЖ обезбеди премин.

Запрашан дали ова е конечно вистинската сезона за ПСЖ во Лигата на шампионите, Буфон одговори дека „секоја година се чини дека е вистинската сезона“.

„Во последните седум-осум години, ПСЖ секогаш имаше тим кој можеше да ја освои Лигата на шампионите. Но, за да успеете во ова, постојат детали кои понекогаш зависат од среќата. Но, да, ПСЖ секоја година оди да ја освои Лигата на шампионите“, изјави Буфон.

Јувентус лошо ја започна новата сезона. Во Лигата на шампионите забележа само една победа на пет натпревари, додека во Серија А и покрај три триумфи е седми на табелата со десет бода помалку од водечкиот Наполи.

На прашањето дали е загрижен за Јувентус, Буфон одговори дека и повредите ги искомплицирале работите.

„Но, мислам дека не можете да разберете што е проблемот и кое може да биде решението без да живеете во соблекувалната и без да ја знаете динамиката помеѓу тренерот и играчите“, рече Буфон.

Буфон моментално е повреден, но додаде дека со годините сфатил дека може да му помогне на тимот и надвор од теренот. Тој рече дека очекува да се врати во игра на почетокот на годината, но дотогаш не е сигурно.

„Важно е да не ризикувам за да можам да продолжам да играм до крајот на сезоната. 

На прашањето уште колку долго се гледа себеси како се жртвува, Буфон одговори дека тоа не е жртва.

„Последниве неколку години ми беа чисто задоволство. Младоста ви помага да останете млади и да ја одржувате вашата ментална енергија на високо ниво. „Со гордоста што ја имам, никогаш нема да се задоволам со просечни настапи“, рече тој.

„Се додека имам моментална енергија и амбиција, продолжувам. После тоа ќе биде како што кажува телото. На пример, ако повторно се повредам, ќе морам да забележам дека телото ми испраќа сигнали и морам да ги прифатам“, заклучи Буфон.

ПОВРЗАНО

Серија А