Легендарниот голман на Јувентус, Џанлуиџи Буфон ја освои десетата јубилејна титула со овој тим во Италија. Пред два дена Јуве ја потврди деветтата во низа, а за голманот вкупно беше десета.
Сепак, тој вели дека би имал повеќе доколку не му украдоа две титули.
“Пресреќен сум зошто ова беше многу важна сезона за мене. Сакав да се вратам и да ја освојам таа десета јубилејна титула, ова го велам зошто познато е дека две титули ми украдоа. Исто така среќен сум што станав и рекордер во лигата по бројот на настапи, но мора да се каже дека оваа сезона не беше лесна за никого во Јувентус, изјави Буфон.
Јувентус има 36 шампионски титули, но сите навивачи на „Старата дама“ велат дека имаат 38. Како што е познато, поради скандалот „Калчополи“ со местење натпревари во 2006 година Јувентус беше исфрлен во понизок ранг, а поради тоа одземени му беа две титули, од кои едната му беше доделена на Интер.