Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон во интервју за „Кориере дела сера“ зборуваше за бројни фази од неговата долгогодишна кариера, а сето тоа по повод претставувањето на неговата автобиографија со наслов „Џанлуиџи Буфон, падни, стани, падни, стани“.
Како што откри, најдобрите играчи против кои играл биле Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Андрес Иниеста и Зинедин Зидан и смета дека Нејмар требало да освои пет Златни топки. Тој загуби три финалиња во Лигата на шампионите против Милан во 2003 година, Барселона во 2015 година и Реал Мадрид во 2017 година, а исто така откри и како одбил трансфер во Барселона.
„Имав понуда од Барселона да бидам нивни втор голман. Ми се допадна идејата да играм со Меси по Кристијано Роналдо, но еден ден возев и слушнав песна што ја немав слушнато десет години „Bella“. Тогаш на автопатот видов табла „Парма“ која ја земав како знак и така ја завршив кариерата“, изјави Буфон и откри дека оди во казино два-три пати годишно.
“За некои, обложувањето е порок. За мене тоа беше адреналин. За едно нешто сум сигурен, никогаш не сум направил ништо незаконско. Всушност, никогаш не сум бил под истрага, никогаш не сум бил предупреден. Никогаш не сум направил ништо незаконски, не се обложувам на Јувентус или на репрезентацијата или на фудбалот, сега одам во казино најмногу два или три пати годишно, вели Буфон.
Да додадеме дека Буфон сега работи како асистент во стручниот штаб на италијанската фудбалска репрезентација.
