ФУДБАЛ

Бум, бум Барди, гол во негов стил (ВИДЕО)

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди постигна гол за својата екипа Коњаспор во 3.коло од Купот на Турција. Неговата екипа избори убедлива победа од 5:0 против Алиага.

Барди беше стрелец на четвртиот гол за својот тим во 81.минута, откако претходно на полувреме влезе од клупата за резервни играчи.

Коњаспор ја оправда фаворитската улога на дуелот, а ова беше прв гол за македонскиот репрезентативец во 2026 година.

ПОВРЗАНО

Енис Барди