Наместо во Манчестер Јунајтед, Коди Гакпо би можел да оди во – Ливерпул?!
Оваа вест вечерва ексклузивно ја објави новинарот на „Тајмс“ Пол Џојс, кој е добро упатен во случувањата на „Енфилд“.
Тој тврди дека преговорите помеѓу Ливерпул и ПСВ напредуваат, а цената што се споменува е меѓу 50 и 55 милиони евра!
Она што е особено интересно во целата приказна е дека одамна е познато дека Ерик тен Хаг се обидел да го доведе во Манчестер Јунајтед летово, а дека и по Светското првенство во Катар повторно побарал од управата да му донесат сонародник.
Раководството на Јунајтед поради некоја причина се двоумеше, а Ливерпул очигледно ја користи ситуацијата и може да му украде засилување на големиот ривал.
Гакпо експлодираше оваа сезона, со 15 гола и дури 18 асистенции за ПСВ, а потоа со три гола на Светското првенство во Катар ја затвори перфектната 2022 година.
Може да игра на неколку позиции во нападот, иако најчесто е десно крило, може да игра и лево и како напреден напаѓач.
Продолжението на приказната ќе го следиме во наредните денови, но според Џојс, Ливерпул и ПСВ интензивно преговараат и се оди во добра насока…