ФУДБАЛ

Бум – Перез го враќа Зидан?!

Зинедин Зидан и Реал Мадрид, по четврти пат? Првиот пат дојде како играч, па уште два пати беше тренер, а сега можеше да биде и десна рака на Флорентино Перез!

Шпанските медиуми пишуваат дека Флорентино Перез сака да го врати Зидан во својот клуб, но не како замена за Карло Анчелоти во моментов.

Очигледно Перез сака да го искористи тоа што Зидан се уште нема тренерска работа и го сака како советник и врска меѓу соблекувалната и управата.

Сепак, истите извори посочуваат потенцијален „таен мотив“ Зидан да биде на подготвеност доколку Карло Анчелоти не ја започне добро следната сезона, за да може веднаш да скокне на клупата.

Пред неколку месеци Перез сериозно размислуваше за замената на Анчелоти, како што Италијанецот размислуваше и за понудата на бразилската репрезентација која се уште е на маса.

Оваа приказна ја има и својата друга страна на медалот, а тоа е незадоволството на Анчелоти на стартот од летниот преоден рок. „Релево“ вчера откри дека на Анчелоти не му се допаѓа тоа што целиот преоден рок повторно зависи од Килијан Мбапе, кого Перез го посочи како примарна цел.

Истото сценарио се случи и минатото лето кога Мбапе на крајот го „прави“ Реал и потпиша нов договор со Пари Сен Жермен. Анчелоти и минатото лето бараше замена за Бензема, а сега откако и тој замина во Саудиска Арабија се споменува единствената „резервна опција“ за Жосел. Тој не може да биде прв напаѓач на Реал и се знае дека доаѓа од Еспањол како играч на клупата. Анчелоти исто така смета дека доаѓањата на Фран Гарсија и Брахим Дијаз се исто така играчи на ротација.

Анчелоти го сакаше Хари Кејн, Перез се согласи, но се предомисли кога Мбапе рече дека сака да си оди.

Се на се, познато е дека Реал никогаш не е досаден, дека Бразил се уште го чека Анчелоти и дека немаат проблем да го чекаат до 2024 година кога му истекува договорот во Мадрид, бидејќи целта им е да го нападнат Светското првенство во 2026 година со него.

Перез нема многу опции на пазарот, Тухел е во Баерн, а Нагелсман не покажа дека е подготвен за големи клубови и „тешки“ соблекувални.

Ако Зидан се врати како советник во управата, тоа навистина може да биде некој нов знак на недоверба, но да почекаме. Зидан ги одби ПСЖ и Јувентус, ја чекаше Франција, но Дешам доби нов договор.

Масло на огнот е изјавата на Зидан од пред некој ден:

Моето враќање на тренерската работа? Не знам кога, но тоа ќе се случи“, изјави Зидан.