Доколку Карло Анчелоти го напушти Реал Мадрид, Зинедин Зидан би можел повторно да се врати во „кралскиот“ клуб!
Оваа вест стигна денеска, иако се уште не од сите проверени извори, но секако е интересна, бидејќи во неколку наврати се споменуваше дека Карло Анчелоти може да го напушти клубот доколку не ја освои Лигата на шампионите.
Флорентино Перез едноставно не простува сезона без трофеј, поточно Кралскиот куп не би бил доволен, иако минатата сезона Италијанецот ги освои и Ла Лига и Лигата на шампионите.
Зинедин Зидан го водеше Реал Мадрид во два наврати, во првиот мандат испиша историја со три врзани ЛШ, една Ла Лига, која ја освои и во таа сезона на корона, но по елиминацијата од Челзи во полуфиналето на Лигата на шампионите во 2021 година го напушти клубот.
На негово место дојде Карло Анчелоти, а сега повторно може да им се вкрстат патиштата.
По враќањето во Мадрид, Зидан призна дека не планира да се врати, но дека не може да ја одбие поканата на својот сакан клуб и дека едноставно не може да му каже „не“ на Реал.
Да потсетиме, освен Зидан, претходно се споменуваше и Томас Тухел, но тој го избра Баерн Минхен, додека Маурисио Покетино е на чекор од Челзи.
