Пари Сен Жермен и Томас Тухел, повторно!
Ова е вест на денот што доаѓа од Франција и се шири со молскавична брзина, а се вели – ПСЖ е подготвен да ја признае грешката и да го врати Томас Тухел!
Исто така, ни Германецот не е имун на овој повик, но сакаше гаранции и заштита од „моќта на соблекувалната“, односно да се занимава исклучиво со тренерска работа.
Тухел е свесен и за клановите кои ги нашол и оставил во Париз, но за него најважна вест е тоа што Леонардо, поранешниот спортски директор со кој се борел и кој бил главниот поборник за неговото заминување, веќе го нема.
Сепак, Леонардо не се прослави со неговиот избор кој беше Маурицио Покетино. Аргентинецот исто така имаше проблем да го задржи мирот во соблекувалната и меѓу клановите кои се уште се присутни.
Што се однесува до Тухел, сигурни извори пишуваат дека тој е желен да работи во некој од големите клубови, дека сака да се бори за трофеи, а тоа секако му го овозможува овој тим на Пари Сен Жермен.
И за крај ќе потсетиме дека Тухел на сличен начин го презеде Челзи во јануари, а потоа во јуни ја освои Лигата на шампионите. Дали е можно да направи такво нешто со Пари Сен Жермен? Додуша, мали се шансите да го замени Галтие пред реваншот со Баерн, но далеку е осми март, барем во Париз, каде никогаш не е тивко…
