12. коло од Бундес лигата ни донесе интересни натпревари.
Леверкузен дигра нерешено на домашен терен против Фрајбург (1-1), гостите имаа рано водство, во 5. минута Холер беше прецизен и го доведе до рано водство неговиот тим. Леверкузен преку Диаби успеа да го изедначи резултатот во 36. минута.
Вофсбур на гостувањето кај Ајнтрахт, 45. минути играше со играч помалце и успеа да слави со 2-0. Вегхорст успеа да го отвори резултатот во 19. минута, а на крајот на првото полувреме Тисеранд добри вртор жолт картон.
Второто полувреме гостите играа со играч помалце, а домаќините не ја искорисија шансата да изедначат, конечните 2-0 ги постави Жоао Виктор во 65. минута.
Баерн Минхен славеше убедлива победа на гостувањето кај Дизелдорф (4-0). Баварците одлично го започнаа натпреварот, беа доминантни од секој аспект.
Резултатот го отвори Павард во 11. минута по асистенцијата на Кимих, во 27. минута Грабри асистираше а Толисо успеа да постигне гол за 2-0, конечниот резултат во првите 45. минути го постави Гнабри по асистенцијата на Милер во 34. минута. Баварците со истоо темпо продолжија и во второто полувреме, но постигнаа само 1 гол, Кутињо по асистенцијата на Левандовски, успеа да го зголеми водството на 4-0 и да го постави конечниот резултат на натпревварот.
Унион Берлин на домашен терен славеше со 2-0 против Борусија Мехенгладбах. Интересен натпревар во кој не се очекуваше дека домаќинот ќе слави победа, Ујах во 15. минута го отвори резултатот, а конечните 2-0 ги постави Андерсон точно пред судијата да означи крај.
Вердер Бремен беше немоќен на домашен терен пед екипата на Шакле. Шалке успеа да слави со 2-1, но сепак не дојде така лесно до победата, 43. минути немаше гол на натпреварот, тогаш Харит успеа да му донесе водство на гостинската екипа, потоа Раман го зголеми водството на 2-0, домаќините успеаа да го намалат водството преку голот на Осако во 80. минута, но сепак беа поразени пред домашната публика.