ФУДБАЛ

БУНДЕС ЛИГА: Франкфурт го посрамоти Баерн, Дортмунд славеше длабока победа, луда победа за Лајпциг

Баерн Минхен претрпе тежок пораз во 10. коло од Бундеслигата, откако беше совладан 5-1 на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт, поранешниот тим на тренерот на Баварците, Нико Ковач.

Се започна лошо за владеечките германски шампиони, кои останаа со 10 играчи поради директниот црвен картон на Боатенг. Домаќините имаа корист од бројната супериорност постигнувајќи два брзи гола преку Костиќ (25′) и Соу (33′).

Левандовски (37′) успеа да постигне гол и да го намали водството, но во второто полувреме, Баерн прими уште три голови постигнати од Абрахам (49′), Хинтергер (61′) и Пацифиси (85′).

Тешката загуби на Баерн ја искористија избраниците на Монхенгладбах, со победата од 2: 1 кај Леверкузен сега се на плус 4 пред Баерн, а плус 3 пред Дортмунд кој е на второто место.

Дортмунд славеше со 3-0 на домашен терен против Волфсбург благодарение на головите на Хазард (52′), Гереиро (58′) и Марио Гоце (88′) од пенал.

Лајпциг, кој го уништи Мајнц со длабоа победа од 8-0, на овој натпревар Вернер постигна хет-трик (30′, 48′, 87′), останатите голови ги постигнаа: Сабитцер (5′), Нкунку (35′), Халстенберг (39′), Поулсен (44′) и Микел (50′)

На крајот, лоши вести за Вердер, ремизираа 2-2 на домашен терен против Фрајбург. Рашица постигна гол во 9′, потоа петерсен изедначи во 28′, 59′ Вердер повторно стигна до водство преку Гебер, додека пак на самоит крај во 93′ Петерсен постигна гол за конечни 2-2.

Унион Берлин – Херта се уште се игра но резултатот по првото полувреме е 0-0.

ПОВРЗАНО

Бундеслига