Се одиграа вкупно пет натпревари од 18-то коло на германската Бундес лига во 15:30 часот.
Далеку најмногу погодоци се забележани во Аугсбург каде Борусија Дортмунд славеше со 5:3 благодарение на Ерлинг Халанд, но возбудувањето не недостасуваше на другите терени.
Ајнтрахт славеше кај Хофенхајм со резултат 2:1, а предноста дојде од екипата на Франкфурт по 18 минути игра кога Дост го отвори резултатот. Откако со минималн водство на Ајнтрахт се отиде на пауза, во третата минута од второто полувреме Хофенхајм се изедначи со гол на Стафилидис.
Ајнтрахт продолжи да игра добро како и во првото полувреме, а во 62. минута успеаја да го постигнат својот втор гол преку Чендлер и славеа со 2-1 во „Синсхајм“.
Фрајбург славеше со идентичен резултат на гостински терен. Овој тим имаше предност од 2-0 по првите 45 минути, благодарение на головите што ги постигнаа Чанг-Хун и Петерс, а тој резултат беше до самиот крај. На осум минути пред крајот на играта, Метаети постигна гол за 2-1.
Вердер славеше со минимални 1:0 во Дизелдорф, додека во преостанатиот натпревар Келн како домаќин го совлада Волфсбург со 3:1.