ФУДБАЛ

Бурна ноќ зад Барселона: Нејмар претставен, а потоа следеше извинување

Нејмар Јуниор копнее за враќање во Барселона, а и каталонскиот гигант за одличниот Бразилец. Долго време се зборува за негово враќање во „Камп Ноу“.

Синоќа хакерската „OurMine“ го хакираше Твитер-профилот на Барселона за да ги израдува навивачите на клубот.

Хакерите веднаш објавија дека Барселона успеала да го донесе Нејмар, а објавена беше и фотографија од Бразилецот во дресот на актуелниот шампион на Шпанија.

Откако со експлицитна реакција го вратија профилот од Барселона, тие испратија извинување, објаснувајќи дека станува збор за хакерски напад, дека објавената содржина е избришана и дека ќе следи детална истрага.

Инаку, ова не е првпат хакерската група „OurMine“ да се најде во центарот на вниманието. Во јануари тие ги хакираа профилите на 15 НФЛ-тимови, а во минатото исто така ги „нападнаа“ ХБО и Плеј Стејшен.