Салвадоре Рибаудо е нов фудбалер што го ангажираше Брера Струмица (екс Академија Пандев“ за новата првенствена сезона. Станува збор за млад и надежен фудбалер кој игра во нападот и веќе се приклучи на сениорскиот состав во Банско Бугарија.
19 годишниот Салвадоре е дете на италијанскиот клуб Парма каде ги помина сите младински категории а во Брера Струмица, доаѓа од шпанскиот тим Реал Авила која се натпреварува во Tercera División RFEF каде беше во од јануари последната сезона.
