ФУДБАЛ

„CAS“ ја поништи одлуката да за исфрлување на Манчестер Сити од европските натпреварувања?

Судот за арбитража за спорт (CAS) најверојатно ќе ја поништи одлуката на Европската фудбалска федерација за суспендирање на Манчестер Сити од Европа.

Доколку се верува во информацијата на англискиот новинар Иан Чезман, кој ги следи настаните во клубот, „CAS“ одлучи да ги откаже сите обвиненија против Сити.

“Изгледа дека Манчестер Сити ќе биде целосно ослободен пред „CAS“. Јас го слушнав тоа, но немам потврда. Треба да знаеме сè утре или понеделник”, напиша Чезман.

Во февруари, УЕФА ги казни граѓаните со тоа што им забрани да учествуваат во европските натпреварувања во наредните две сезони за нарушување на финансискиот фер-плеј, а освен што беа протерани, беа казнети и со 30 милиони евра.

Управата на англискиот клуб веднаш поднесе жалба до Арбитражниот суд за спорт (CAS), а рочиштата за овој случај се одржаа неодамна, а конечната одлука на „CAS“ беше објавена за 13 јули.

Ќе видиме дали Сити навистина се ослободи и ќе треба да почекаме уште малку за конечната одлука.