ФУДБАЛ

Чаби Алонсо пристигнува во Премиер лигата

Чаби Алонсо наскоро би можел да ја продолжи својата тренерска кариера во Премиер лигата, но како асистент.

Откако Микел Артета го презеде Арсенал, Пеп Гвардиола е во потрага по асистент. Според „Goal.com“, кандидат за функцијата е Чаби Алонсо.

Алонсо, во моментов е тренер на тимот на Реал Сосиедад Б, работеше под диригентската палка на Гвардиола во Баерн во текот на неговата играчка кариера и секогаш зборуваше позитивно за шпанскиот стручњак.

Од заминувањето на Артета на функцијата прв асистент Манчестер Сити е го назначи Родлофо Борел, сепак, тој наскоро може да се врати во хиерархијата на стручниот штаб на популарните граѓани.

Патем, Реал Соседад Б е петти во групата II на шпанската Сегунда Б, три бода зад четвртопласираниот тим што значи дека може да се надева на промоција.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига