ФУДБАЛ

Чалханоглу не сака арапски милиони: Тој одби нереална понуда поради останување во Европа

Турскиот фудбалер Хакан Чалханоглу доби неверојатна понуда од Катар.

27-годишниот играч за врска, чиј договор со Милан истекува на крајот на оваа сезона, доби понуда од тимот на Ал Духаил од Катар, а богатите Арапи му понудија нереална бројка.

Понудата на маса ќе му донесе договор од 32 милиони нето за три години, но турскиот репрезентативец нема намера да ја прифати оваа понуда.

Чалханоглу очајно сака да остане во Европа. Тој сака да продолжи да игра фудбал на високо ниво и е подготвен да ја одбие оваа навистина неверојатна понуда.

Многу екипи покажаа интерес да го донесат турскиот фудбалер. Јувентус е меѓу нив, а Милан не се откажа од потенцијалното продолжување на соработката.

Сепак, нема сомнение дека никој од заинтересираните клубови не може да му ги понуди парите што ги нудат богатите Катарци, но парите очигледно не му се приоритет.

Чалханоглу пристигна на „Сан Сиро“ во 2017 година од Баер Леверкузен за бројка од 24 милиони евра и играше многу добро во дресот на „росонерите“ во последните четири години.

Тој играше во црвено-црниот дрес вкупно 171 пати и постигна 32 погодоци, а покрај Милан играше и за Баер, играше и за ХСВ и Карлсрухер, каде ја започна својата професионална кариера.

Чалханоглу е член на турската репрезентација од 2013 година. Тој играше 55 пати за оваа селекција и постигна 13 голови.