Иако се чинеше дека Хакан Чалханоглу дефинитивно ќе го напушти Милан, од неговото заминување од Сан Сиро, како што стојат работите, нема да биде ништо.
Овој турски фудбалер не ги воодушеви навивачите на Милан од доаѓањето од Баер Леверкузен и се повеќе се шпекулира за неговото враќање во Германија, во последниве недели, но тренерот Џенаро Гатузо стави вето на можниот трансфер.
По сите натписи, се огласи и самиот Чалханоглу…
„Јас сум во Милан, играм за овој клуб и среќен сум што сум во него. Не трансферот не е опција“, изјави играчот од средниот ред за „ТRТ Spor“.
РБ Лајпциг, кој е заинтересиран за Чалханоглу, исто така ќе треба да бара ново решение во средниот ред, а турскиот фудбалер во остатокот од сезоната треба да ја покаже својата вредност и да ги оправда 22 милиони кои деа одвоени за неговиот трансфер.