Фудбалерите на Барселона утре против Галарасарај го играат осминафиналето на Европската лига.
Каталонскиот клуб очекувано е фаворит за пласман во четвртфиналето на ова натпреварување, иако на „Камп Ноу“ порачаа дека нема да трошат премногу „што се однесува до Европската лига“.
Барселона игра многу подобро во последно време, а Чави доби големи честитки откако успеа да донесе промена во играта на каталонскиот клуб.
Чави денеска одржа прес-конференција пред утрешниот натпревар, а еден од новинарите претходно го праша дали вечерва ќе го гледа натпреварот Реал Мадрид – ПСЖ на кој ќе играат неговите поранешни соиграчи Лионел Меси и Нејмар.
“Лео направи чуда насекаде, не само на Сантијаго Бернабеу. Да, ќе го гледам вечерашниот натпревар на Реал Мадрид и ПСЖ. Навистина им посакувам се најдобро на Лео и Нејмар вечерва”, рече Чави и јасно стави до знаење дека ќе навива за Парижаните.
Повторно не можеше да го избегне прашањето за Ерлинг Халанд кој веќе извесно време се поврзува со преселба во Барселона.
„Кога имате можност да разговарате со играч, кажете му како е тука, како играме или тренираме… Нека знае дека ова е најдобриот клуб, дека градот е убав. Велам, не сум видел играч кој би рекол „Не на Барселона“, додаде тренерот на каталонскиот клуб.