ФУДБАЛ

Чави брутално искрен: Кога не можете да го победите Интер, не заслужувате нокаут фаза

Барселона одигра 3:3 против Интер на „Камп Ноу“ во фантастичен меч со многу возбудување, особено во вториот дел кога „паднаа“вкупно пет голови. Барса поведе во првиот дел со 1:0, но во второто полувреме имаше атомски фудбал. Интер направи пресврт, поведе со 2:1, Барселона израмни, а потоа гостите од Милано повторно поведоа во 82-та минута. Сепак, Барса се спаси од пораз со голот на Левандовски во 89-та минута.

Со овој резултат на Интер му е потребна само една победа во преостанатите два меча против Викторија Плзен и Баерн Минхен за пласман во осминафиналето, или доволно е во следното коло Барселона да загуби од Баерн.

Токму тоа му е јасно на тренерот Чави, бидејќи се чини дека Каталонците се пред елиминација.

Кога не можете да го победите Интер дома, не заслужувате да одите во нок-аут фаза. Направивме многу грешки, не се браневме добро. Интензитетот беше одличен во првиот дел, но не го задржавме во продолжението од мечот. Лигата на шампиони е сурова со нас. Од Минхен, Милано па вечерва, заслуживме повеќе. Одигравме одлично во првото полувреме, на пауза заминавме задоволни, но во второто полувреме му дозволивме многу шанси на противникот, направивме сериозни грешки во одбрана и тие скапо се плаќаат во Лигата на шампиони. Не е само напад, треба да се игра и одбрана, изјави Чави.