ФУДБАЛ

Чави: Де Јонг ни носи многу, местото во Барса е скапо

Тренерот на Барселона, Чави изјави дека промената на системот е важна за триумфот над Реал Сосиедад со 4:1 на гостински терен во второто коло од Ла Лига.

Левандовски на својот 34. роденден постигна два гола, а мрежата ја погодија и Дембеле и Фати.

„Одигравме храбар натпревар. Сè уште ни недостасува разбирање за играта, но Де Јонг ни носи многу. Треба да губиме помалку топки и подобро да разбереме што сакаме да постигнеме. Педри на крило и Гави меѓу противничките линии, тоа беше вистинската одлука. Играа во ромб, имавме дополнителен дефанзивец и воведовме друг играч од средниот ред да се обидеме да им ја одземеме топката“, изјави Чави и додаде:

„Игравме со две чисти крила, потоа со напаѓач, практично со четири напаѓачи… Ансу (Фати) е играч кој е способен да направи разлика. Има многу конкуренција, Феран (Торес) тренираше одлично и затоа играше. Настапот во Барселона мора да се заработи“.

 

Тренерот на Барса се осврна и на тоа дека клубот се уште не може да го регистрира Гилес Кунде, стоперот кој пристигна од Севиља.

 

„Преодниот рок трае до 1 септември… Можеби Жил би играл денес. Да почекаме следната недела, можеби ќе биде поинаку“, заклучува Чави.

 

Во среда, Барса има пријателски натпревар со Манчестер Сити, а потоа и пресметка со Ваљадолид следната недела.

ПОВРЗАНО

Ла Лига