Чави Ернандез предизвика бес кај навивачите на Реал Мадрид со неговите неодамнешни коментари за нивниот клуб, кој, според него, ја освои Лигата на шампионите играјќи многу лошо.
Легендата на Барселона Чави зборуваше за, како што рече, за големото богатство што Реал Мадрид го имаше на европските натпреварувања во последните години, во период во кој трипати го освои трофејот во Лигата на шампионите.
Поранешниот шпански репрезентативец Давид Вилја даде изјава за мадридскиот весник и се согласува со поранешниот играч од средниот ред на Шпанија.
„Мадрид е единствениот тим што ја освои Лигата на шампионите играјќи многу слабо“, рече Вилја, одекнувајќи ги коментарите на Чави.
„Тие имаат освоено неколку трофеи од ЛШ со тоа што не играа добро и благодарение на среќата“, додаде тој.