ФУДБАЛ

Чави Ернандез е статистички најслабиот тренер на Барселона во изминатите 20 години

Барселона имаше лош старт на новата сезона во шпанската Ла Лига. На полн стадион Камп Ноу, каталонскиот гигант ремизираше со Рајо Ваљекано (0:0).

Избраниците на Чави Ернандез доминираа на овој натпревар. Сепак, и покрај нивната напаѓачка моќ, тие не успеаја да најдат гол против непријатен тим од предградието на Мадрид.

Чави има големи амбиции со Барселона. Сепак, минатата сезона заврши со разочарување исто како и оваа, а самиот Чави не блеска како тренер.

Овој 42-годишен тренер статистички е најслабиот тренер на Барселона во изминатите 20 години. На 38 натпревари оствари 20 победи, 10 нерешени и осум порази.

Гледајќи го процентот, Чави моментално е „само“ со 52,63 проценти од победите и статистички е најслабиот тренер на каталонскиот гигант во последните две децении.

Дури и неговите претходници кои беа буквално исфрлени од клубот поради лошите игри – Роналд Куман и Кике Сетиен – имаат поголем процент на победи од Чави.

Куман, кој Чави го наследи на клупата во ноември минатата година, има победнички процент од 58,21%, а Сетиен е на брилијантни 64%.

Процентуално, во изминатите 20 години, најуспешен тренер на тимот од „Камп Ноу“ е Луис Енрике, кој победил во над 76 отсто од натпреварите (76,24%), потоа Тито Виланова (75,56%) и Пеп Гвардиола 75,16 %.

По вчерашниот натпревар Чави најде причини зошто неговиот тим не победи.

„Мораме да ја подобриме нашата ефикасност и да најдеме начин како подобро да ги искористиме шансите што ги создаваме. Ми се допаѓаат големите очекувања и притисокот, не барам изговори и нашата цел е да освојуваме титули. Сепак, заморно е да се чита се што е напишано.Кога победуваме тогаш сме најдобри, а кога не успеваме тогаш сакате да уништите се“, изјави Чави по натпреварот.

ПОВРЗАНО

Ла Лига