Фудбалерите на Барселона гостуваат кај Кадиз во натпреварот од петтото коло од шпанската Ла Лига.
Каталонскиот клуб е во одлична серија на почетокот на сезоната и јасно е дека вечерва се големи фаворити против Кадиз.
Но, Барселона веќе 16 години не слави на стадионот Нуево Мирандила, што му дава надеж на домашниот тим дека можат да ја сопрат машинеријата на Чави.
Сепак, и покрај тоа, навистина би било големо изненадување доколку Барселона не победи вечерва бидејќи навистина е во фантастична серија.
Сепак, сите се изненадени од составот што Чави одлучи да го игра вечерва од првата минута бидејќи тренерот на Барселона направи навистина големи промени.
Чави реши да го одмори најголемиот дел од првиот тим против Кадиз, па дури и му даде шанса на Жерар Пике, кој оваа сезона ќе ги забележи првите минути во Ла Лига.
Покрај Пике, денеска за Барса ќе дебитира и Хектор Белерин, а Мемфис Депај ќе го замени Роберто Левандовски во нападот.
Но дали тоа ќе ја чини Барселона или Чави направи одличен потег со одморање на најважните играчи, останува да видиме по натпреварот.
Кадиз : Ледесма, Залдуа, Ернандез, Мбаје, Глог, Сан Еметарио, Фернандез, Алехо, Внук, Окампо, Перез.
Барселона : Тер Штеген, Балде, Пике, Араухо, Белерин, Бускетс, Де Јонг, Гави, Торес, Рафиња, Депај.
Потсетуваме, натпреварот помеѓу Кадиз и Барселона започнува во 18:30 часот.