ФУДБАЛ

Чави: Го елиминиравме Атлетико од битката за титулата, зборот на Симеоне многу значи

Тренерот на Барселона , Чави Ернандез, зборуваше по успехот на дербито меѓу Каталонците и Атлетико Мадрид, кое донесе нови три бода на Камп Ноу во трката за титулата.

На овој начин Барселона има 11 бода предност (76 бода) пред вториот – Реал Мадрид . Тој има 65 бода, а триото го комплетира Атлетико со 60 бодови во својот актив.

„Возбудени сме поради ситуацијата, но се уште ништо не е готово. Победивме одлична екипа со која моравме да се надигруваме за да ги исфрлиме од трката за титулата.

За нас 1:0 е одличен резултат, но покажува и дека не успеваме да победиме со повеќе голови. Сите видоа дека можевме да постигнеме повеќе голови. Многу сум задоволен од начинот на кој тимот работеше и се бореше до последната секунда.

Тоа ни дава многу сега но и во иднина. Ако Диего Симеоне веќе ни честита за титулата, тогаш треба да се ценат зборовите на тренер како него. Но, сè уште не сме победиле. Мора да победиме повеќе и да заслужиме уште повеќе да триумфираме“, нагласи  Чави.