Доколку се праша Чави Ернандез, Барселона нема да го купи Жоао Феликс следното лето.
Како што знаете, Португалецот пристигна во Барса во последниот ден од летниот преоден рок, почна добро, но во последно време е на мета на критичарите.
Чави го пресели Феликс на клупата, сега повеќе му верува на Феран Торес, а Португалецот тоа не го прифати најдобро. Тој беше видно фрустриран кога ја напушти играта по слабата игра против четвртолигашот Барбастро во Купот на кралот, по што повторно беше нападнат.
Денес шпански извори откриваат дека Чави чувствува дека Феликс не ги исполнил неговите очекувања, а тоа особено се однесува на неговото однесување кога работите не одат според планот.
Не е тајна дека Феликс има „проблем“ во главата и дека често талка кога работите не му одат според планот, а тоа се одразува на неговите игри.
Дополнително, Атлетико Мадрид нема да прифати ниска сума за негов откуп, па Барса ќе мора добро да размисли пред потенцијален откуп.
Чави смета дека има подобри решенија на пазарот, односно дека му треба класично крило на позицијата лево крило, попродорно во ситуации еден на еден, што Феликс сигурно не е.
Имињата не се познати, освен што веќе е познато дека скаутите на Барса будно го следат развојот на Савињо од Жирона. Летото е уште далеку, сигурно дотогаш ќе се појават некои алтернативи, а останува да се види дали Жоан Лапорта ќе го принуди Феликс повторно да остане, бидејќи тој беше неговата најголема желба.
