ФУДБАЛ

Чави го пречкрта, а Пике потоа му се обрати на Лапорта: „Само напред, ќе играм како стартер!“

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, по раскинувањето со Шакира реши да го префрли Жерар Пике на клупата и помалку да се потпира на него следната сезона, што и лично му го кажа.

Дискусијата со тренерот на Барселона не му одговараше на Пике, па отиде кај претседателот Жоан Лапорта на кого му испрати многу силна порака.

Откако тренерот Чави му кажа дека повеќе нема да се потпира на неговите услуги, дефанзивецот разговараше со Жоан Лапорта.

Пике не се плаши од конкуренцијата што ќе ја има во новата сезона и му испрати јасна порака на претседателот на клубот да донесе кого сака во тимот, но ќе докаже дека го заслужува своето место во тимот од Камп Ноу.

„Само напред! Донесете го најдобриот стопер на светот. Ќе играм како стартер“, му рекол Пике на Лапорта, пренесува Sport.

Роналд Араухо, Ерик Гарсија, Клемент Ленглет, Оскар Мингеза и Самуел Умтити моментално ги одмеруваат силите со Пике во Барселона и се очекува повеќе да дојдат на Камп Ноу.