ФУДБАЛ

Чави има причина да биде среќен: Пристигна веста која Барселона ја чекаше две недели

Фудбалерите на Барселона вечерва против Ваљадолид го играат натпреварот од третото коло во шпанската Ла Лига.

Во последното коло, каталонскиот клуб го победи Реал Сосиедад на гостински терен со 4:1 и се поправи за неочекуваното реми во првото коло против Рајо Ваљекано.

Вечерва на „Камп Ноу“ пристигнува екипата на Ваљадолид, која по две кола се уште е без победа во новата сезона и има еден освоен бод од тие два натпревари.

Јасно е дека Барселона е голем фаворит вечерва и се освен победа за каталонскиот клуб секако би било огромно изненадување.

Чави Ернандез пред вечерашниот натпревар ја доби фанатичната вест која ја очекува веќе десетина дена. Имено, Барса конечно успеа да го пријави Жил Кунде, кој вечерва ќе биде во конкуренција за составот.

Кунде пристигна во Барселона на почетокот на месецот како големо засилување од Севиља, но се уште го чека официјално дерби на овој клуб бидејќи ги пропушти натпреварите против Рајо Ваљекано и Сосиедад бидејќи не беше пријавен.

Сепак, Барселона конечно најде средства и начин да го регистрира Кунде, а Ла Лига вчера на официјалниот сајт потврди дека францускиот репрезентативец конечно има право на настап.

Исто така, каталонските медиуми објавија дека Кунде речиси сигурно ќе игра од првата минута вечерва и конечно ќе дебитира официјално за новиот клуб.

Потсетуваме, натпреварот помеѓу Барселона и Ваљадолид се игра вечерва со почеток од 19:30 часот.

 

ПОВРЗАНО

Ла Лига