Тренерот на Барселона, легендарниот Чави се најде на удар на јавноста откако на последнит четири мечa забележа само една победа. Имено, во Ла Лига и Лига на шампионите, Барса загуби од Баерн, одигра реми со Интер, а поразена беше во „Ел Класико“. Единствениот позитивен резултат го има против Селта во изминатите четири меча. Згора на тоа, со ремито против Интер на домашен терен е пред елиминација во ЛШ.
Но, покрај критиките, Чави добива и пораки за поддршка. Барем тој, така тврди.
-Луѓето ми даваат поддршка секаде, дури и на улица. На телефон добив толку многу пораки, како да ми починал некој од семејството, изјави Чави, кој притоа додава:
-Јас секогаш сум оптимист и ќе продолжам да бидам. Се разбира, ако не освојувам трофеи мојот престој тука ќе заврши порано од предвиденото, вели тој.