ФУДБАЛ

Чави најде замена за Бускетс, но проблемот е 114.000.000 евра!

Легендарниот Серхио Бускетс неодамна ја напушти Барселона, каде ја мина целата своја кариера, а од следната сезона ќе го гледаме заедно со Лионел Меси во Интер Мајами.

Барса, која денеска го официјализираше Илкај Гундоган, сега со сите сили бара соодветна замена за Бускетс. Голема желба на тренерот Чави беше Џошуа Кимих од Баерн, но германскиот шампион не сака ни да ја слушне, па Барселона се сврте кон други решенија…

Сега, според пишувањето на неколку странски портали, до израз дојде Португалецот Палиња кој настапува за Фулам, но и до него не е така лесно да се дојде.

Работата нема да биде лесна за извршување бидејќи португалскиот интернационалец е под договор до летото 2027 година, кој ќе биде продолжен доколку за него не бидат понудени најмалку 114 милиони евра. Толку е сумата за која може да си замине од Лондон, а Барса, секако, во моментов ги нема тие пари. А да ги има, прашање е дали би ги потрошила на Палиња. Сепак, преговорите продолжуваат, па останува да се види дали ќе се најде прифатливо решение за сите страни.

Палиња минатата година потпиша петгодишен договор со Фулам, по трансферот од Спортинг вреден 23 милиони евра.