Барселона ќе има тешко гостување кај Аноета против Реал Сосиедад, но во секој случај оди на победа.
Барселона минатиот викенд освои само бод против Рајо Ваљекано (0:0) во првото коло од шпанската Ла Лига, па од овој тим се очекува уште многу вечерва против Сосиедад и покрај тоа што никогаш не е лесно да се игра во Сан Себастијан. .
Навивачите со нетрпение ја очекуваат новата партија на Роберт Левандовски и веруваат дека тој конечно ќе постигне гол на официјалниот натпревар.
Левандовски секако е стартер, но имаше и одредени промени. Наместо Серхи Бускетс беше најавен нашиот Миралем Пјаниќ, но Чави сепак го остави на клупата. Стартер некако неочекувано е тинејџерот Алекс Балде, иако се очекуваше Ансу Фати.
Френки де Јонг се најде во стартниот состав, откако го пропушти првото коло, односно не беше стартер против Реј. Тој, Педри и Гави ќе го држат средниот ред.
👥 𝐀𝐋𝐈𝐍𝐄𝐀𝐂𝐈𝐎́𝐍
⚽ #RealSociedadBarça pic.twitter.com/zjA666YUXD
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) August 21, 2022
Со оглед на лошото издание во првото коло, Барселона вечерва има одреден притисок и ќе мора да им докаже на сите, а пред се на себе, дека навистина може многу оваа сезона и дека засилувањата кои се донесени се уште се таму за да го подобрат впечаток по турбулентната сезона.
Од 22 часот на програмата е дуелот меѓу Сосиедад и Барселона.