ФУДБАЛ

Чави не можеше да биде појасен: „Не сакам да бидам проблем“

Во недела Барселона гостува кај најголемиот ривал Реал Мадрид, а пред тој натпревар Чави се осврна на разговорите за можна разделба со клубот.

По ремито со Интер, Барселона дојде до прагот на рано испаѓање од Лигата на шампионите, што веднаш донесе гласини за можно заминување на Чави од тренерската позиција, иако поранешниот играч за врска добро си ја врши работата во Барса.

На прес-конференцијата пред натпреварот со Реал Мадрид, Чави беше прашан за неговата иднина и последниот натпревар во Лигата на шампионите:

“Од раѓање сум оптимист и мислам дека се подобривме на многу начини. Имавме добра сезона досега и штета е што се случи во средата. Јас сум и навивач на Барселона и сакам Клубот да расте. Дента кога нема, ќе бидам дома. Нема да бидам проблем за клубот. Кога не бидам решение за Барселона, ќе си заминам“, јасен беше Чави.

Чави смета дека неделниот натпревар против Реал Мадрид може да биде можност за опоравување, а како референтна точка го наведува последното Ел Класико кое Барселона го доби со 4:0 на „Сантијаго Бернабеу“.

“Мораме да бидеме трпеливи, тие ќе страдаат кога ќе почнеме да притискаме. Мораме да бидеме обединети во одбраната. Во вториот дел од натпреварот со Интер имаше премногу празнини меѓу редовите во формацијата. Мора да бидете храбри и покажете ја вашата личност“, изјави Чави.

„Целта е да победиме со добра игра, како што сакаме да играме – да ја имаме топката и да напаѓаме. Така беше во првото полувреме со Селта и Интер и Баерн, но таму не бевме ефикасни“, вели. Чави.

Во контекст на неделниот натпревар против Реал Мадрид, Чави доби добри вести. Жил Кунде е подготвен за игра, а од првата минута може да се појави како десен или среден бек. Се верува дека тој ќе влезе во стартните 11 на местото на Жерар Пике.

Неделното дерби започнува во 16 часот и 15 минути и доаѓа во време кога двете екипи се изедначени на првото и второто место на првенствената табела.