Одличниот норвежанец, Ерлинг Халадн, ја напушти Борусија Дортмунд и се пресели во редовите на Манчестер Сити, а со комплетирањето на трансферот ќе стане најплатениот играч во Премиер-лигата.
Халанд долго време го поврзуваа со различни клубови од Европа, меѓу кои и Барселона.
Новинарите го запрашаа тренерот на Барса, зошто Халанд не потпиша за Барселона.
„Сите знаат дека Барселона е во фаза на опоравување од тешка финансиска криза. Од финансиски причини не можевме да го доведеме Халанд. Во иднина му посакувам се најдобро“, одговори Чави.