ФУДБАЛ

Чави отпиша пет фудбалери пред подготовките во САД

Барселона во новата сезона ја очекуваат многу промени.

Тоа е јасно пред подготовките во САД, кои каталонскиот тим ќе ги одработи како последен дел пред новата сезона.

 

Чави отпиша пет фудбалери и тие можат да бараат нов клуб.

Шпанскиот стручњак смета на овие фудбалери: Рики Пуиќ, Реј Манај, Самуел Умтити, Мингез и Нето, пренесува Мундо Депортиво.

Пуиќ и Манај би можеле многу брзо да се вработат бидејќи интерес покажале Кадиз, Алмерија и Хетафе, Мингеза наводно е на радарот на Боависта и Гранада, Нето би можел да замине во МЛС, додека Самуел Умтити се уште е под знак прашалник.

Французинот доби враќање во Лига 1, Марсеј и Лион го посакуваа во своите редови, а сега наводно во трката се вклучи и Борусија Дортмунд.

Што се однесува до новите засилувања, Чави секако ќе гледа да го засили тимот со некои фудбалери колку што дозволува финансиската структура.