Тренерот на Барселона, Чави Ернандез ќе направи големи промени во играчкиот кадар на крајот од оваа сезона.
Барселона успеа да доведе неколку засилувања во јануарскиот преоден рок, но немаше толку многу заминувања како што се очекуваше.
Сепак, се очекува каталонскиот клуб да направи големи промени во играчкиот кадар на крајот од сезоната, а веќе се познати повеќето играчи кои Чави ги отпиша.
Шпанските медиуми објавија дека на овој список сега има две нови имиња, а тоа се играчи кои ја минаа Ла Масија, но очигледно е дека не успеаја да се наметнат на Чави и да ја загреат клупата на повеќето натпревари.
Станува збор за Рики Пуиг и Оскар Мингеза кои не играле за Барселона на претходните шест натпревари. Последниот настап го имаа пред повеќе од еден месец против Линарес, а потоа Чави не сметаше на нив.
Мингеза беше стандарден со Роналдо Куман, но со доаѓањето на Чави тоа се промени. Се очекуваше Пуиг конечно да заигра кога дојде Чави и му беа дадени неколку шанси за игра, но не ги оправда очекувањата.
Пуиг одигра само 232 минути од доаѓањето на Чави, додека Мингеза одигра 349 минути. Мингеза беше на чекор од позајмица во Валенсија во јануари, но на крајот не успеа.
Сепак, сега е јасно дека Пуиг и Мингеза ќе бидат меѓу играчите на трансфер листата на крајот од оваа сезона.