ФУДБАЛ

Чави плаќа 32 милиони евра за шеснаесетгодишното чудо од дете

Во наредните денови се очекува уште еден одличен трансфер за во иднина под водство на лидерот Барселона.

 

Имено, според шпанските медиуми, веќе утре треба да се одржи состанок на одговорните луѓе од Барселона и агентот на идното засилување на овој клуб.

 

Станува збор за младо, шеснаесетгодишно чудо од дете од Палмеирас, а се вика Ендрик Фелипе и ја претставува иднината на фудбалот.

Така барем тврдат скаутите од Барселона кои ги убедиле своите раководства што поскоро да го склучат договорот со неговите агенти и го договориле доаѓањето на талентираниот млад човек.

 

Тој се уште нема професионална минутажа, но летово потпиша договор со Палмеирас и во него има клаузула дека може да си замине, а таа бројка е 32 милиони евра.

 

Барселона наводно е подготвена да ја активира, секако доколку се договори со агентите на ова, како што го нарекоа, чудо од дете.

Доколку се оди како што се надеваат челниците на Барселона, следното лето би потпишале договор со него, а тој би му се приклучил на клубот во 2024 година, кога ќе полнолети.

 

Покрај Барселона, интерес за овој млад фудбалер покажа и Пари Сен Жермен, а останува да се види кој ќе победи на крајот.

 

Овој млад фудбалер ги покрива сите позиции во нападот, и би бил голем залог за во иднина, а многумина предвидуваат дека ги има карактеристиките кои ги поседува и Лео Меси.

 

Секако, ова не би било првпат Барселона од еден млад фудбалер да направи голгетерска машина, како што тоа веќе го направи неколку пати во својата историја.