Тренерот на Барселона Чави изјави дека е срамно судењето на натпреварот против Хетафе, со кој неговиот тим ја започна одбраната на титулата во Примера.
Фудбалерите на Барселона ја започнаа одбраната на титулата во шпанскиот шампионат со ремито 0:0 на гостински терен против Хетафе.
На натпреварот од првото коло на Примера немаше голови, но судијата покажа три црвени картони. Фудбалерот на Барселона Рафиња беше исклучен во 42. минута поради груб старт, а играчот на Хетафе Хамес Мата во 57. минута доби втор жолт картон.
„Ако ова е производ што шпанската лига сака да го продаде, тогаш е штета“, изјави Чави, кој и самиот беше исклучен во 70. минута поради расправија со судиите.
Чави беше незадоволен и од одлуката да го игра со рака Гави во самиот финиш на натпреварот во акција која доколку не беше прекината веројатно ќе резултираше со пенал за Барселона поради прекршокот над Мигел Араухо.
„Таа рака не постоеше. Судијата го измисли ракометот. Рекоа да се игра само кога е сосема очигледно, а тоа не се случи… Неправда, срамота“, изјави Чави.
Фудбалерите на Барселона во следното коло од Примера ќе го пречекаат Кадиз.
