Барселона денеска игра на гостински терен против Елче натпреварот од 27. коло на Ла Лига.
Каталонскиот клуб игра во одлична форма во последните недели, а навивачите се презадоволни од работата што ја заврши Чави Ернандез по преземањето на стручниот штаб на Барселона.
Барса во последното коло на домашен терен убедливо со 4-0 го победи Атлетик Билбао, а јасно е дека Каталонците и понатаму се големи фаворити за победа.
Чави вчера го објави списокот на играчи на кои ќе сметаат на денешниот натпревар, а многумина сфатија дека на него го нема данскиот напаѓач Мартин Брејтвејт кој нема да биде во конкуренција за овој дуел.
Шпанските медиуми објавија дека Чави на тој начин му испратил јасна порака на Брејтвејт дека нема посериозно да сметаат на него до крајот на оваа сезона и дека речиси сигурно ќе се најде на трансфер листата на лето.
Брејтвејт неодамна се опорави од тешката повреда, но допрва треба да се наметне на Чави и да добие минутажа.
30-годишниот напаѓач пред две години пристигна во Барселона од Леганес за 18 милиони евра, што беше трансфер кој ги шокираше сите. Јасно е дека тој не е баш калибар за Барселона, па нема да биде изненадување доколку реши да ги спакува куферите за лето.