ФУДБАЛ

Чави убеден во пресврт на сезоната: „Целта е да се бориме за титулата“

Барселона денеска продолжи со разочарувања за своите навивачи.

Гостувањето во Памплона кај Осасуна им донесе само бод (2:2), а тренерот Чави Ернандез не го криеше разочарувањето што неговиот тим остана без победа во финишот.

„По водството од 2-1 моравме да бидеме посмирени и да ја контролираме топката. Имаше моменти кога не знаевме како да играме во противничката половина“, рече Чави и откри која е целта на тимот до крајот на сезоната.

“Мораме да ја промениме оваа негатива околу тимот. Нашата цел е да бидеме меѓу четворицата на крајот од сезоната, но и да се обидеме да се вратиме во борбата за титулата. Сè уште веруваме, но мора да се бориме напорно”. – изјави Чави.

Жерар Пике најави голема борба на крајот од натпреварот во наредниот период.

„Верувам дека ќе напредуваме во следните натпревари и дека резултатите ќе бидат подобри. Од следната недела секој натпревар за нас е финале“, истакна искусниот дефанзивец.

Барселона моментално е само на осмото место во Примера со 24 бодови, но со натпревар помалку.

Во следното коло избраниците на Чави Ернандез го пречекуваат тимот на Елче.