ФУДБАЛ

Чави: Во постојан контакт сум со Меси, Барса е неговиот дом

Фото: Barcelona's Xavi Hernandez (L) and Lionel Messi celebrate a goal against Almeria during their Spanish first division soccer match at Camp Nou stadium in Barcelona March 2, 2014. REUTERS/Albert Gea (SPAIN - Tags: SPORT SOCCER) - GM1EA330DI801

Тренерот на Барселона Чави верува дека Лео Меси ќе се врати во овој клуб и покрај различните прогнози.

Договорот на славниот Аргентинец со Пари Сен Жермен истекува на крајот од сезоната, а никој со сигурност не може да каже каде ќе игра Лео Меси следната сезона.

 

Светците му нудат нов договор, го сакаат и во Саудиска Арабија и во САД, а наводно најмалку има шанси да се врати во Барселона.

Со таа констатација не се согласува тренерот на Каталонците и долгогодишен соиграч и пријател на Меси, Чави .

 

„Меси знае дека Барселона е неговиот дом и вратата е отворена за него, тоа сум го кажал многу пати. Тој е мој пријател – ние сме во постојан контакт, но потенцијалното враќање ќе зависи само од него. Лео е најдобриот играч во историјата, тој секогаш би се вклопил“, истакна Чави.

Меси целата своја кариера, вкупно 17 сезони, ја помина во првиот тим на Барселона пред да се пресели во Пари Сен Жермен во 2021 година.