Мундо Депортиво објави дека Чави воведе пет нови правила за играчте и тие сигурно нема да бидат премногу воодушевени поради тоа.
Првото правило важи за Жерар Пике, кому му е забрането да патува во текот на сезоната поради приватни обврски, особено кога е надвор од теренот поради повреда. Тренинзите ќе бидат подолги и играчите ќе поминуваат повеќе време во тренинг центарот.
Исто така, им се забранува и приватни тренинзи. Четвртото правило е дека нема дискусија и кавга за начинот на кој се игра играта, а последното се однесува на социјалните мрежи каде играчите сега ќе мора многу да внимаваат што пишуваат и објавуваат.
Чави сака веднаш да покаже дека нема да биде премногу попустлив кон играчите со кои играше во Барселона со години, бидејќи неговата цел е да покаже авторитет и да се однесува подеднакво со секој играч.