ФУДБАЛ

Чави за играчот од средниот ред на неговиот тим: Тој е генијалец!

Барселона синоќа го совлада Наполи (4:2) во рамките на Европската лига и ја потврди одличната форма.

Каталонците повторно беа ефикасни, а тренерот Чави Ернандез по мечот имаше посебни пофални зборови за Френки де Јонг.

„Се подобро и подобро, покажува голем напредок. Тој е генијалец“, вели Чави за играчот од средниот ред на неговиот тим.

Де Јонг пристигна во Барселона во 2019 година, а синоќа постигна одличен гол во првото полувреме.

Неодамна се појавија информации дека кариерата би можел да ја продолжи во германскиот гигант Баерн, но јасно е дека ништо од ова.

Де Јонг оваа сезона забележа 31 настап во сите натпреварувања, додавајќи четири гола и две асистенции.