Тренерот на Барселона, Чави Ернандез денеска проговори за потенцијалните заминувања од клубот во летниот преоден рок.
Барселона ќе остане без одредени играчи. Тие се принудени да фрлат раце на тимот, а еден од оние кои утре би можеле да го одиграат последниот натпревар во дресот на каталонскиот клуб против Виљареал е и Усман Дембеле.
Ова го потврди и Чави, но истакна дека Дембеле не е единствениот во таква ситуација.
“Можно е ова да му биде последен натпревар. Истото е случај и со неколку други играчи… Можно е да го продолжи договорот. Тој е важен играч, ми се допаѓа и сум оптимист. Се надевам ќе продолжи да работи со клубот“, рече тој Чави.
Се зборува и за заминување на Френки де Јонг. Чави е јасен што се однесува до Холанѓанецот.
“За мене тој е многу важен играч. Мислам дека може да биде многу важен во клупската ера. Ќе видиме што ќе се случи со него”.
Прашањето за доаѓањето на Роберт Левандовски на Камп Ноу беше неизбежно.
“Да, Левандовски е една од опциите. Не можевме да си ги дозволиме Мбапе или Халанд, иако сакавме. Сепак, мора да гледаме напред и сакаме играчи кои ќе ни донесат напредок”, изјави Чави.