Нов земјотрес во светскиот фудбал.
Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер излезе со револуционерен план секоја година да се игра големи фудбалски натпреварувања.
Поточно, Европско првенство на секои две години, како и Светско првенство, по пример на ракометни првенства.
Ова би предизвикало хаос во календарите и прашање е како би се играле квалификациите и покрај збиениот календар што може да создаде проблеми за клубовите и репрезентациите.
На оваа идеја одговори првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, кој рече дека УЕФА, но и КОМБЕОЛ, ќе го бојкотираат Светското првенство доколку се игра на секои две години.
Јужна Америка има Копа Америка, Европа ЕУРО и сигурно би било незамисливо за нив да играат големи натпревари секоја година, особено затоа што повеќето играчи играат во европските лиги, додека лигите во Јужна Америка се долги, со натпревари во Копа Либертадорес и Копа Судамерикани.
“Ќе го убие фудбалот со таа идеја. ФИФА мора прво да се консултира со континенталните фудбалски куќи, потоа со Федерациите и дури потоа да ги спроведе тие експерименти”, изјави Чеферин за Тајмс.